Судир меѓу товарен воз и автомобил кај с. Лопате

На 12.08.2020 во 00.45 часот било пријавено дека на Железничката станица Табановце и Железничката станица Куманово, на патен премин кај с.Лопате, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија и патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(47) од с.Оризаре, Липково. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ф.Ј., констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста