Страотни бројки – загадувањето во Гази Баба највисоко сезонава

1000 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен. Изутрината срушен уште еден неславен рекорд . Воздухот во општина Гази Баба отровен. Мерната станица во населбата Автокоманда измери загаден воздух 20 пати над дозволената граница. Слична беше состојбата и во другите општини од главниот град освен Сопиште – единствено таму луѓето имаа привилегија да дишат чист воздух . Загрижува сосотојвата и во другите градови . Во Струмица измерени  катстрофални 300 микрограми.  Магловито и загадено и во Кавадарци, Куманово, Гостивар, Тетово, Велес и Свети Николе.

Социјалните мрежи вријат од објави на граѓаните кои секојдневно си го бараат основното човечко право – да дишат чист воздух . По кој знае кој пат апелираат  власта конечно нешто да преземе и да го реши овој проблем.

Овие нашите политичари се прашувам каде живеат? Па толку се игнорантни спрема овој проблем.

Отруени сме од смог, не се дише.

Па молчиме и они си тераат… – пишуваат граѓани на социјалните мрежи.

Здружението О2 со години бие битки со владата за конкретни мерки и чекори против аерозагадувањето, но нивните предлози  нема кој да ги слушне. Неодамна беа одбиени речиси сите амандмани за распределба на буџетот за 2021 година.  Од бучетот се одвоија само 1,3 милиони евра , додека за разни материјали и ситен инвертар, храна и пијалоци дури 82.8 милиони евра.

Она што дополнително ги разгневи е дека на вчерашната пленарна седница партиите обезбедија кворум за да си ги вратат парите што им беа скратени на почетокот на ковид кризата.

Пари за филтри нема, нема пари ниту за промена на начинот на греење на болниците, многу биле, немало за друго да остане.

Ама пари за партиите секогаш има. Во ковид криза, тие си враќаат околу 4 милиони евра што им биле скратени за време на вонредната состојба, која всушност не е ниту завршена.

Париве да ги вложеа во филтри, тогаш Скопје ќе го имаше ветеното намалување на загадување за 50% за PM10 и PM2.5 – пишуваат од О2 Иницијатива.

Македонија е меѓу првите земји со најзагаден воздух во светот, а истражувањата покажуваат дека околу 3000 луѓе годишно умираат од последици на болестите предизвикани од отровниот воздух.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста