Странски државјани вратени од Ќафасан заради превенција од корона

Во обид да влезат во нашата земја двајца шпански државјани, еден јужно кореец, еден бразилец и тројца албански државјани со минубус од Албанија допатуваа на граничниот премин Ќафасан. Меѓу нив, имаше и две македонки кои во седната земја тргнале на семинар кој во меѓувреме се откажал и морале да се вратат дома.Но во консултација со Центарот за јавно здравје и решение на надлежните инспектори од одделот за гранични работи во Скопје,на патниците од странство им беше забранет влез во Македонија.

„Одлучено е истите со одбиен влез на странец да се вратат поради загрозување на јавното здравје. На нашите државјани им е поделен флаер и дадена им е препорака да останат во следните 14 дена во домашна изолација и доколку имаат било какви респираторни проблеми или повишена температура да го контактираат локалното центар за Јавно здравје каде ќе им се дадат насоки што понатака“ – рече Златко Крушароски, командир Граничен премин Ќафасан.

Граничните полицајци остварија контакт со патниците, се задржаа на странците испрашувајќи ги од каде доаѓаат, каде тргнале и дали чувствуваат некакви здравствени симптоми.

„Патувам од ноември месец лани. Најпрвин бев во Сантјаго Чиле, потоа во јануари бев во Париз,во фебруари три недели бев во Хрватска од тука во Босна и Хецеговина и Албанија. Од таму со минибусот тргнав за Македонија, крајна дестинација ми е Охрид од каде ќе заминам за Лондон. Долго патувам, но немам никакви сиптоми“ – вели турист од Јужна Кореја.

„Јас изинатиов период парувам низ повеќе европски држави.Бев во Грција една недела ,потоа бев Бугарија, Турција и последно дојдов во Албанија од каде тргнав за Македонија.Сакав да прошетам бидејќи немам никакви здравствени проблеми“ – вели турист од Бразил.

Со затварањето на граничните премини во Словенија,Храватска и Албанија од синоќа има зголемена фреквенција на патници на граничниот премин Ќафасан.

Македонските семејства кои по копнен пат доаѓале од Хрватска преку Црна Гора со полициска асистенција биле донесени до границата со Албанија од каде тргнале за Ќафасан. Поминале низ лошо патешествие бидејќи на сите гранични премини биле со часови задржувани.И тука на Ќафасан биле проверени од епидемиолози на Центарот за јавни здравје и бидејќи немале здравствени проблеми кои упатуваат на смртоносниот вирус,биле пуштени да влезат во земјава.

Командирот на Граничниот премин Ќафасан вели дека продолжуваат со засилени гранични проверки во зависност од дестинацијата од каде доаѓаат странските државјани, дали престојувале во критичните подрачја така и ќе постапуваат.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста