„Стави појас“ – кампања на МВР и РСБСП

Сигурносниот појас не влијае на тоа дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода или не, но значително влијае на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди.  Истражувањата  на релевантни меѓународни организации покажуваат дека 50% од возачите кои животот го загубиле во сообраќајна незгода, загинале поради тоа што не користеле појас, односно  истражувањата покажуваат дека сигурносниот појас го намалува ризикот од фатални последици при сообраќајна незгода дури  за 50%.

Возачите и патниците мора да сватат дека користењето на сигурносниот појас е наменето исклучиво за нивна лична безбедност и заштита на нивниот живот и нивното здравје. Токму затоа, РСБСП спроведе нова кампања „Стави појас“ – гушни го своето дете дома, во автомобил стави му сигурносен појас . Повеќе детали за капњата од разговорот со Дејан Андоновиќ, портпарол на РСБСП.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста