Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за „хуманитарен“ прекин на војната во Газа

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за „хуманитарен“ прекин на војната во Газа

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која повикува на итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас, како и на итни хуманитарни паузи и коридори ширум Газа заради заштита на цивилите.

По четири неуспешни обиди и долги дискусии, најмоќното тело на ОН во Њујорк договори заедничка резолуција. Од 15 држави членки на Советот за безбедност на ОН за текстот гласаа 12, а САД, Русија и Велика Британија беа воздржани.

Резолуцијата меѓу другото бара „итни и продолжени  хуманитарни паузи  и коридори“ во Газа во „доволен број денови“ за да се овозможи целосен, брз, сигурен и непречен пристап на хуманитарните организации и партнери на ОН за да се обезбеди хуманитарна помош во согласност со меѓународното право.

Советот за безбедност на ОН „повикува на итно и безусловно ослободување на сите заложници кои ги држат Хамас и други групи, посебно деца, како и на обезбедување на моментален хуманитарен пристап.“

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста