Сообраќајна незгода во Гевгелија, моторциклист се здобил со тешки телесни повреди

На 12.09.2020 во 17.15 часот било пријавено дека на ул.„С.М-Данко“ во Гевгелија, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „форд транзит коннект“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано од З.Х.К.(50) од Гевгелија и мотоцикл „хамачи Р250“ без регистарски ознаки управуван од П.М.(18) од Гевгелија.

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во ЈЗУ Гевгелија. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста