Собранието ја усвои резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ со која се дефинираат црвените линии кон Бугарија

Со 95 гласа ЗА, без ПРОТИВ, и еден воздржан Собранието ја усвои Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ, а изработена од највисоките научни институции во Македонија.

Пратениците речиси едногласно донесоа одлука за утврдување на црвените линии со Бугарија и формално бетонирање на македонските национални интереси.

Од ВМРО-ДПМНЕ кои беа и иницијалната каписла за вакво нешто да биде разгледано и изгласано во законодавниот дом ,велат дека ваквиот документ со параф и печат на највисокиот демократски инструмент во државата, односно Собранието се придонесува конечно да се стави крај на тенденциите  за негирање на волјата на граѓаните, но се дава и алатка на оваа влада и на сите наредни на меѓународна сцена одговорно да се грижат за македонските интереси.

„Тоа што денес ќе го направиме е наш долг кон нашите предци и кон почитуваните граѓани на независна Република Македонија. Пред нас имаме Резолуцијата чија што содржина е целосно избалансирана, Резолуција што како таква може да биде од голема помош за Владата на Република Македонија во спроведувањето на важните надворешно политички приоритети. Пред нас е резолуцијата чијашто содржина е добронамерна и со целосно позитен контекст и која може да помогне во понатамошно градење и унапредување на добрососедските односи на рамноправна и приниципелна основа и во прилог на забрзување на нашите евроинтеграциски процеси. Македонскиот идентитет и јазик се неприкосновена реалност на нашиот народ. Тие се наше наследство од претходните генерации и аманет за идните генерации. Токму затоа со оваа Резолуција посакуваме да ставиме крај на постојано присутните тенденции на негирање на волјата на народот и на преговори без граници за теми и дилеми кои припаѓаат во вековите од далечното минато“, кажа Муцунски.

Поддршка за Резолуцијата имаше и од СДСМ, пратеникот Митревски рече дека за македонскиот јазик  и идентитет никогаш не се преговарало, но ја поддржуваат резолуцијата за конечно да се стави крај на лажните вести дека тие како влада тоа го правеле, но и за да се даде дознаење дека Македонија нема друга алтернатива освен Европската Унија и апелираше што поскоро да ги почнеме преговорите, оти тоа како држава сме го заслужувале.

Како пратеници од парламентарното мнозинство прифативме и ја прифаќаме резолуцијата предлог на колегите од ВМРО-ДПМНЕ со две цели:Прво е да ставиме крај на сите лажни вести за некакви наводни национални предавства и таа е помалку битната затоа што граѓаните за тоа знаат дека не е точно, знаат дека таа е само една обична лажна вест. Поголемата и поважната причина е тоа што го спомна и колегата Муцунски дека треба да излеземе пред граѓаните и да им кажеме да нема никакви дилеми затоа што ние имаме јасна цел, нашата јасна цел како држава и како граѓани е евроатланскиот пат и ние ќе станеме членка на ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик, кажа Јован Митревски.

За да се изгласа резолуцијата глас дадоа и албанските партии, ДУИ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, како и движењето БЕСА.

Скендер Реџепи од коалицијата на Села и Гаши вели се солидаризирале со македонците кога станува збор за идентитетот, но посочи дека и тие бараат солидаризирање со нив, оти сакаат во Уставот да бидат спомнати како Албанци, а не бројка од 20%.

Ние ги разбираме вашите страдања и затоа барам оваа мака да ја разберете и вие. Јас очекувам од претседателот на СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ ,тие да поттикнат уставни измени со што на Албанците ќе им се укине оваа неправда со проценти, рече Скендер Реџепи.

Со своите пртеници ЗА гласаа и од партијата на Ахмети.

Националниот идентитет не е рпашање за дискусија, не е прашање за политички преговори, и нема да биде прашање на некој евентуален меѓудржавен договор,кажа Арбр Адеми .

Инаку пред гласањето за резолуцијата претходно, пратениците го изгласаа амандманот поднесен од мнозинството, којшто се однесуваше на примена на уставното име во Резолуцијата. Против амандманот гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог-резолуцијата предвидува преговорите со ЕУ да се водат со должно почитување на меѓународното право и без никакво условување, како и со почитување на достоинството на македонскиот народ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста