Случајот за 25-годишниот Боро Стаиќ се враќа во судница, лекарите повторно на обвинителна клупа
Случајот со тешко повреденото момче Боро Стаиќ, се враќа во судница.По две ослободителни пресуди на Охридскиот Основен суд кои битолска Апелација ги поништи поради суштествени пропусти во постапката,двајца охиридски лекари кои се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето во 7 години, по трет пат повторно седнаа на обвинителна клупа.
Лекарите од судска медицина со нови детали во вештањето-25 годишнот Боро Стаиќ при пад во вода повредил 2 вратни пршлени,но поради сериозни пропусти на лекарите неговата здравствена состојба се влошила.
др. Зоран Павловски :Кога другарите го извлекле од вода, Боро можел да прави извесни движења,но поради пропусти на лекарите и несоодветен третман,тој се здобил со дополнително оштетување на рбетниот мозок што довело до најтежок степен на одземање на рацете и ноѕете, односна целосна парализа.
Со потресно сведоштвото мајката на момчето, Луиза Стаиќ зборуваше за шокот што го доживеала кога ја чула болната вистина дека нејзиниот тогаш малолетен син никогаш повеќе нема да застсне на свои ноѕе
Луиза Стаиќ:После операцијата лекарот ми кажа дека Боро има квадриплегија,јас не знаев што значи тоа.Кога ми објасна, бев во шок и не можев да прифатам.Докторот ме повика да седнам,зеде лист хартија и почна да пишува објаснувајќи ми дека мојот син има целосна квадрипегија,односно трајно оштетување на рбетниот мозок.
Првообвинетета лекарка од Итната медициска помош, тврдеше дека добиле повик за паднато пијано дете на плажата Кадмо и оти цело време Боро бил неконтактибилен.
Второбвинетиот лекар од охридската болница со контрадикторен исказ, тврди дека момчето кое во болница било донесено неимобилизирано, поради тешко пијанство,цело време било контактибилно и не се пожалило на болка нити дека се повредило на некаков начин.
За повредата слушнале од судските вештаци,на првото судење пред 7 години.
Двајцата охридски лекари сега се теретат за тешки дела против здравјето на луѓето,казната за вакви дела е од 1 до 10 години затвор.
Росица Голабоска