НАЈНОВИ ВЕСТИ

2019 – година во која немаше датум за старт на преговори и беше договорено заминување на Заев

Заев си заминува од премиерската позиција, неисполнето ветување на власта за датум за старт на преговори со Европската унија, нов претседател, почеток на имплементација на договорот од Преспа, со кој против волјата на граѓаните, Македонија замина во историјата и стана Северна Македонија, ова се главните настани на политичката сцена кои ја одбележаа 2019-та.

Токму промената на името, власта го претстави како услов земјата да добие датум, а по студениот туш во октомври, падна и одлуката да се распишат предвремените парламентарни избори, а беше и договорено Заев да замине од Илинденска на почетокот на 2020 година. Премиерот како своја замена си го одбра првиот полицаец Оливер Спасовски.

Јас на трети ќе ја поднесам оставката, Парламентот треба да ја констатира, со тоа паѓа Владата.” – изјави Заев.

Оваа година ја одбележаа и претседателските избори, Македонија доби нов претседател. Од Вила Водно си замина Ѓорге Иванов, а пристигна кандидатот на власта Стево Пендаровски. Токму во оваа кампања премиерот Заев вети дека државата го добила датумот за старт на преговори со ЕУ. Истиот според премиерот првично беше сигурен во јуни, но Македонија не го доби ниту во октомври.

Името беше сменето, на картата дека со тоа сме добиле датум за старт на преговори со ЕУ, СДСМ доби ги доби претседателските избори. Експертската јавност, предупредуваше дека мора да се поработи на домашните задачи, дека само договорот од Преспа не е доволен за напредок во евроинтеграциите.

Под жесток напад во октомври беше францускиот амабасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, кој тогаш ги отвори картите, не врати во реалноста, кажа лажни биле ветувањата дека ќе има награда за Преспанскиот договор. Одговорноста за недобивање на датум не е само на Франција, туку и на оние земји кои ѝ ветувале на Македонија.

Се заплетка клопчето и околу законот за двојазичност. Коалициониот договор меѓу СДСМ и ДУИ, го оспори Венецијанската комисија. Од таму велат законот  е неуставен, иако неговата имплементација оди со полна пареа, за што контрола со службено возило, недозволено вршеше и вицепремиерот Бујар Османи. И тоа само да разберат припадниците на албанската заедница.

Зоран Заев годинава имаше и телефонски разговори со Грета Тунберг, Петро Порошенко и Јенс Столтенберг, но не со вистинските. Првиот скандал се појави во јули кога Заев неколку пати телефонски разговарал со руските пранкери, Вован и Лексус, мислејќи дека разговара со поранешниот претседател на Украина и генералниот секретар на НАТО. Но, тоа не беше единствениот скандал.

Но, тоа не беше единствениот скандал, Заев беше „насанкан“ и од лажна Грета Тунберг, за што дури и се пофалија од Владата дека откриле дека е лажна.

Граѓаните очекуваа многу, не добија речиси ништо. Ветувана беше Европска унија, дојде Балканска Унија. Сите овие случувања доведоа до она што сите беше по се изгледа единственото решение.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста