Шилегов бара една од галиите од Вардар да биде тргната

Започна отстранување на проектите од „Скопје 2014“. На удар- галиите на Вардар.

Шилегов ќе ја отстрани галијата кај стара пошта. Тврди дека објектите од проектот што се наоѓаат во коритото на реката сериозно можат да предизвикаат поплави кои ќе нанесат материјална штета и ќе ја загрозат безбедноста на скопјани.

„Создадени се услови и во рок од 30 дена, сметано од денеска, корисникот треба да го отстрани она што се нарекува урбана опрема. Во спротивно по истекот на рокот, градот на негов трошок ќе го направи тоа, по 10-ти април оваа година“, изјави Шилегов.

За остантите галии Шилегов рече дека ќе се почекало, затоа што присилното отстранување ќе чинело многу.

„Проценките на градот се дека ако насилно ги отстраниме трите галии тоа би чинело околу 6 милиони евра, а тоа се средства што градот ги нема“

Тој минатата недела побара да ја преземе сопственоста на спомениците дел од „Скопје 2014“, но градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ одговори негативно на неговото барање со образложение дека според изборниот законик во изборниот период не смее да се отуѓува државен имот.

Инаку, во последниве неколку години, проектот стана неизбежен декор на главниот град, како и дел од туристичките понуди кои привлекоа големо внимание кај туристите.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста