Насилството и агресијата се поприсутни меѓу учениците во Тетово

Агресијата и насилството се повеќе присутни меѓу малолетниците.Вербални расправии и физички пресметки,каде се употребуваат дури и ножеви често се регистрираат меѓу учениците во училиштата.

Годинава за тројца ученици од Тетово веќе има донесено најстроги дисциплински мерки.

Најпрво родителите, па потоа наставниците и педагозите треба најмногу да работат со децата. Насилството станува сериозен проблем на кој мора да се работи. Едукацијата и превенцијата се клучни, велат во училиштата.

Веќе подолг период и тетовската полиција е со задолжително и зголемено присуство околу училиштата.

Проблемот со агресијата кај младите треба системски да се решава, со вклученост на сите институции.Упатените велат дека можеби е потребна стратегија и посериозен пристап на проблемот,чие решавање засега, очигледно не дава некои поголеми резултати.

Милена Стојановска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста