Шест починати и 182 новозаразени од Ковид-19 за 24 часа

Министерството за здравство информира дека починале 6 лица од Ковид 19 – двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.

182 новозаразени – ова е денешниот биланс на состојбата со коронавирусот. Од Во последните 24 часа се направени 1348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-107, Куманово-14, Штип-4, Тетово-23, Струга-5, Битола-2, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-13, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста