Се повеќе компликации кај лицата со дијабет кои прележале ковид

Проблемите на лицата со дијабет не завршуваат по прележувањето на ковид 19.Овие пациенти се најризични и на најголем удар на вирусот, но ,и оние кои ќе имаат среќа да се излекуваат од него, потоа ги чека нова битка, да го стабилизираат нивото на шеќер во крвта,кое може да трае и со месеци.Ова го покажуваат искуставата на повеќето дијабетичари, по прележан ковид, особено оние кои се на инсулинска терапија.

Во Македонија последниве години постојано расте бројот на лица кои заболуваат од дијабет.Официјални бројки нема, но,се претпоставува дека се повеќе од 100 000,од кои околу 500 деца,најголем број на инсулинска терапија. Голем процент од заразените со коронавирусот додека трае пандемијата,се токму дијабетичари, што потврдува дека се најризична група.Не е занемарлив ниту бројот на починати,кои ја изгубиле битката,поради компликации.

Милена Стојановска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста