Се поголемиот одлив на млади во европските земји ќе го остави полошкиот регион без работна сила

Полошкиот регион,кој се смета за еден од поголемите економски центри во земјава, во иднина може да остане без доволна работна сила.Се повеќе млади во потрага по подобри услови и подобар животен стандард, заминуваат во европските земји, предупредуваат експертите.Недостатокот веќе почнува да се чувствува на пазарот.

Наместо да се влечат инвестиции кај нас,нашинци се повеќе вложуваат, односно ги шират бизнисите во странство.Владата нуди мерки и поддршка,но европскиот пазар е попривлечен.

Единствена мерка која и по повеќе од десет години се покажа како доста успешна, е мерката за самовработување. Минатата година во Тетово имало рекордни 320 кандидати, во Гостивар пак над 150, од вкупно 1700 на ниво на држава.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста