СДСМ: Извештајот на ЕК е јасен, прогрес има во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно поглавје

СДСМ: Извештајот на ЕК е јасен, прогрес има во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно поглавје

Извештајот на Европската комисија е јасен прогрес има во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно поглавје, се вели во најновото соопштение СДСМ.

„Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% има соодветно ниво на подготвеност. Нема повеќе делови во Извештајот како во времето на ДПМНЕ од 2015 или 2016 година за заробена држава, нема мешање во судската власт, нема уназадување“, вели владејачката партија и додава.

„ЕУ го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан. Само со овој план на Македонија на располагање и стојат милијарда евра. Со продолжување со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега. Затоа блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста