Реален судир или фингирана нетрпеливост во владеачката коалиција? Го зазема ли БЕСА местото на ДУИ?

Реален судир или фингирана нетрпеливост меѓу владините коалициски партнери?Го зазема ли БЕСА местото на ДУИ или пак интегративците сепак можат да се надеваат дека ќе бидат дел и од идната владина коалиција? Соработката на социјалдемократите со БЕСА за ДУИ значи претопување на партијата на Касами во СДСМ и обид за спас. Според Изет Меџити БЕСА е подготвена да прифати безусловна соработка, а во  идната влада мора да биде победничката партија од албанскиот политички блок.

Заев пак е убеден дека со БЕСА ќе извојуваат победа во шестката иако според анкетите речиси е извесно дека и да е во позиција да прави влада ќе му биде потребна поддршка од уште некоја партија на Албанците

Критиките на Касами во минатото дека е измамник и не го почитува договореното, Заев смета дека се производ на нервозата кај БЕСА за тоа дека ДУИ е дел од владата.

Кандидатските листи на СДСМ и БЕСА ќе се знаат до 9 Март.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста