Неподнослива реа на гареж, купишта целосно уништена покуќнина, очај и паника е се’ она што зад себе оставил силниот пожар во домот на семејството Димоски од долненското село Сенокос. Пламените јазици кои му проголтателе буквално се’ што цел живот печалело ова семејство, се појавил сосема ненадејно во вторникот вечерта, со некаво тропање на таванот, во правец на оџакот, а во чија близина се наоѓа и бандерата за струја.

Роднините и соседите кои први им притекнале на помош, велат дека глетката била страшна, особено и заради фактот што биле немоќни било што да сторат додека се чекало да биде исклучена струјата, на што, според нив, се изгубило драгоцено време.

Тричленото семејство живее од земјоделие и скромната социјална пензија од 6.000 денари од 84-годишната мајка која е болна. Сопственикот е невработен, а сопругата има ризична бременост, па сега, секоја помош им е добредојдена за повторно да го изградат својот дом, кој до темел им е пеплосан.

Во моментов, семејството е сместено кај свои роднини во Прилеп. Од ЛС во Долнени им била ветена еднократна парична помош, но дури откако ќе ги обезбедат потребните документи од надлежните институции.

Каролина Дурло