Пациентката која утрово се пријавила на Инфективна нема Корона вирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на корона вирус кај пациентка која утрово се јавила со знаци на респираторна инфекција на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, се негативни. Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и влегла на 26 февруари во земјава.

Засега нема нов случај на заразен со корона вирус. Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба.

Од министерството апелираат да не се создава паника и граѓаните да ги почитуваат препораките на ресорното министерство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста