Реакција на ЗНМ за нападот од владејачката СДСМ кон Алфа ТВ

Важен предуслов за еден медиум да биде сметан за објективен и кредибилен е да има транспаретно и независно финансирање. Сомнежот за сомнителни пари во неколку медиуми не е нов. ЗНМ неколку пати и јавно укажуваше со цел да се заинтересираат надлежните институции да спроведат истрага за да се оттргнат или потврдат шпекулациите. Нејасно е зошто во изминатите три години беше толерирана јавната критика за сомнително финансирање на дел од медиумите од страна на институциите, а сега се актуелизира. Тоа што загрижува е што, непосредно пред почетокот на предизборната кампања, СДСМ посочува кон овие медиуми, а со тоа остава впечаток во јавноста дека се прави притисок кон нив. Очекуваме после изборите институциите темелно и независно од политичките центри да ги испитаат наводите за незаконско работење на медиумите, за да се придонесе кон амбиент во кој пазарот ќе го диктира квалитетот, а не центри на моќ преку црни пари,вели Младен Чадиковски претседател на ЗНМ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста