Хрватот Бошко Жупановиќ ја тужи Јосипа Лисац оти навредувачки ја испеала химната
Изведбата на Јосипа Лисац на инаугурацијата на новиот хрватски претседател Зоран Милановиќ, ја тужи граѓанинот Бошко Жупановиќ, кој смета дека таа ја омаловажила државата пеејќи на овој начин.
Жупановиќ, кој е правник по професија, се повикал на член 349 од Кривичниот законик, кој се однесува на повреда на угледот на Република Хрватска. Според него Лисац навредливо артикулирала и користела тоналитети со што ја исмевала Хрватска.
„Какво било уметничко пенетрирање во структурата на химната е недозволиво. Начинот на кој тоа го правеше осомничената апсолутно е навредувачки и омаловажувачки, па според тоа, постои сомневање дека сторила кривично дело“,„Ова е мој личен став. Изведбата е дегутантна, чисто омаловажување. Нашата химна е убава и патриотска и никој не смее да манипулира со неа“, стои во реакцијата.
Ама не само Жупановиќ, реагираа и други Хрвати.
Подобро да не ја испееше, ова што таа го изведе е најлошото нешто што сум го слушнал, а имам 75 години, такво нешто посебно не може секој да го изнесе се само дел од коментарите.
И на Македонија и се случи слична ситуација. Евровизиската претставничка Тамара Тодевска на приемот кај американскиот амбасадор на 4-ти јули не ја испеа строфата во која се споменуваат револуционерите.
Таа не доби тужба, ама го навлече гневот на Македонците, иако потоа се извинуваше и оправдуваше дека ненамерно ја заборавила строфата. Во член 2 од законот за химната е загарантиран целиот текст од првата до последната строфа. А, за прекршувањето на оваа законската одредба е предвидена кривична одговорност.
Симона Србиноска