Ракции по пресудата за „27-ми април“: Осудивте невин човек, ова е чист политички реваншизам и брутална одмазда

Ова е класичен политички реваншизам и брутална одмазда спакувани во вид на судска пресуда – низа реакции откако Кривичниот суд вчера ја прочита одлуката да ги прогласи Велјановски и останатите како виновни за тероризам. Трајко Вељаноски е осуден без никаква вина –  Вашата осудителна пресуда е политичка пишува новинарот Бранко Героски.

Единствената „вина“ на Вељаноски, всушност, е што цврсто и доследно се држел до словото и до духот на собранискиот деловник и не прифатил да воведе нова пракса да ја укине дебатата во парламентот, за да се реализира планот за „мирен трансфер“ на власта, на фамозната конститутивна седница со која тој претседавал. Трајко, всушност, е „виновен“ што не се согласил да го прекрши деловникот (како што било барано од него и како што веројатно било опортуно) и тоа е единствената причина поради која сега, со Вашата пресуда, друже судија, тој официјално е прогласен за – терорист-шишува Героски.

За судот уште еднаш клучен доказ беше сведочењето на Александар Василевски- Нинџа, дежурниот сведок на Обвинителството, чии сведочења повеќе пати беа контрадикторни и се косеа едни со други, бидејќи тој по неколку пати ги менуваше исказите.

„Немал апсолутно никакви контакти со насилниците и никакви суштински контакти со лица за кои обвинителството се сомнева дека биле организатори на насилствата во парламентот. Тој е жртва на едно лажно сведочење на сведок чија ролја во овој процес е демаскирана и сведокот успешно и уверливо е дискредитиран. Па дури и тоа сведочење да е точно, на никој начин не го поврзуваат обвинетиот со активности кои можат да се доведат во врска со битието на кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”- пишува Героски.

Реагираше и ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата,  одлука на судот е темпирана и планирана прeсуда која има за цел да создава страв кај политичките непријатели на Зоран Заев реагираат од опозицијата а со тоа целосно се руши демократијата во Македонија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста