Работниците во Извор загрижени со враќањето на вработените од “Синохидро“

Репортерската екипа на АЛФА, денеска беше во градилиштето кај село Извор, во близина на автопатската делница Кичево- Охрид. Таму се наоѓаати бараките на кинеската компанија “Синохидро“, каде во посебна барака се сместени двајца нивни работници, кои вчера се вратија од годишен одмор во Кина. Барем засега, атмосферата во Извор е мирна, иако еден жител од ово кичевско село ни рече дека меѓу работниците владее страв.

  • Овие што се овде вработени, викаат дека ако дојдат и ако не се испроверени и да знаат со сигурност, нема да идат на работа. Не се Турците, нашите што се вработени од селото и од град,  во кујната и на други позции што работат. Тешко дека ќе останат на работа, барем така најавија- рече еден жител на Извор.

Турските работници кои работат непосредно до кинеските, барем колку што ги разбравме, велат дека нема проблеми и дека немаат контактите.

  • Немаме проблеми со кинеските работници и многу ретко контактираме- рече еден турски армирач. – Јас немам никаков проблем со нив- рече неговиот колега.

Од  Институтот за јавно здравство велат дека е утврдено оти двајцата кинески работници што вчера дојдоа од Кина, немаат корона вирус. Меѓутоа, во понделник на работа се враќаат уште четворица, а за останатите с`е уште не се знае кога ќе дојдат. Според кичевчани што денеска ги анкетиравме, оваа состојба остава простор за загриженост.

  • Непостои опасност зашто тие не се движат низ градот и имаат посебни бараки. Одат во тумелите и се враќаат тука- рече еден киечевчанец. – Пошто тие беа во карантин во Кина по две недели, и тука ќе бидат под контрола и ќе се прават анализа- рече една кичевчанка, медицинско лице. – Бев малку загрижен кога слушнав дека ќе се вратат. Сега треба да се мисли дека постои опасност- рече нејзиниот сопруг.- Веројатно постои ризик, кога починаа над две илјади луѓе- рече еден пензионер. – Штом идат од тоа подрачје, веројатно постои опасност и можат да донесат вирус- рече еден производител на мед.- штом се случило во Европа, може и кај нас. Страв ми е- рече еден загрижен кичевчанец. – што ги примаат? Сега не треба да идат, нека стивне малку болеста. А ние сме за никаде- рече повозрасна кичевчанка.

Според официјални кинески извори, вработените на “Синохидро“  за време на годишниот одмор, ги поминаа заштитините протоколите на Националната комиисија за здравство на Кина, а од “Синохидро“ покрај времената изолација во посебна барака, за овие вработени е обезбедена соодветна заштитна опрема, и целосно соработуваат со надлежните македонски институции.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста