Протестен марш – Правда Кољо и жолт картон за институциите

Правда за Никола Христовски Кољо,соодветна казна за неговиот убиец и законски измени побараа граѓаните на мирниот протест од министерството за правда преку обвинителството до кривичниот суд. На институциите им дадоа жолт картон како знак на револт поради затворската казна од три години и квалификацијата на делото како убиство во миг. Таткото на Никола Христовски Игор вели дека она што е напишано во пресудата не соодветствува на инцидентот кога беше убиен неговиот син. Се сомнева и во вистинитоста на медицинската белешка на осудениот за убиството. Очекува судот да ја прифати жалбата, делото да го квалификува како убиство и да го врати случајот на повторно судење. Протестите ќе продолжат.

“Ако сакал од 10 души да се одбрани во тој случај би било убиство во миг. Но еден на еден Никола му дошолл голорак во борбата нивна и да употребиш отпосле такво нешто еден на еден тоа не е убиство во миг”, вели Христовски.

Христовски вели дека државата мора да реагира за во иднина да не се случуваат вакви немили настани.

“Ваквиве ножеви се досташни и на пазари и во продавници за лов и риболов. и сега се докажува дека можат да бидат сртоносни. и тука мора да има измена”, вели Христовски.

Убиството на Никола Христовски се случи минатата година на 14 Август во паркот на музиката во скопско Ново Лисиче. Расправија меѓу тинејџери се претвори во физичка пресметка.18 годишниот А.Т. со нож во градите го прободе 17 годишниот Никола.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста