Протест против изградба на мини-хидроцентрала на река Шталковска

Со протест мештаните на пробиштипското село Турско Рудари, бараат да се стопира изградбата на мини хидроцентрала на река Шталковска. На вчерашната средба на која присуствуваше и инвеститорот не најдоа заеднички јазик. Револтирани се бидејќи за градежните активности разбрале кога виделе механизација на терен..

„Никој се уште го нема известено местното население дека ќе се гради, односно ја нема известено месната заедница„- изјави Љупчо Стојановски-преседател на м.з. Турско Рудари

Локалното население стравува дека ќе остане без вода за наводнување, ќе се наруши биодиверзитетот во реката, а ќе се загрози и селскиот водовод. Како еден од најспорните документи го посочуваат за подземниот катастар за водовод и канализација којшто наместо од пробиштипското, е издаден од штипското комунално претпријатие

„ние имаме сопствен водовод изграден во осумдесетите години .Тој се протега на потег од шест километри од с.Турско Рудари до с.Шталковица. Нивниот проект како што тие планираат да го градат се поклопува со еден километар со нашиот водовод. Ние бараме тоа да ни го објаснат на нас„ – изјави Љупчо Стојановски-прет.на м.з. Турско Рудари

 „Сега со премостувањето сите тие површини ќе бидат заобиколени. Реката ќе биде фатена во цефковод, ќе биде преместена и ние ќе останеме без производство во тој потег -изјави Јаким Јовановски,жител на с. Турско Рудари

Со селскиот водовод не стопанисува комунално претпријатие, туку месната заедница. Освен овој пропуст инвеститорот ги има сите други одобренија, објаснува градоначалникот на Пробиштип, кој според законот е тој што треба да пресече дали на Шталковица ќе се гради хидроцентрала или не.

„Општината е доведена да биде против Владата или надлежно министерство. Она коешто го разговаравме на првата средба со нашите сограѓани е дека не смееме да доведеме Општината во делот на финансиски импликации, односно да се соочиме со тужба„ –изјави Драган Анастасов,градоначалник на Пробиштип.

освен во Пробиштип, во близна на заштитеното подрачје во Осоговијата, Дис Енергија хидроцентрали ќе гради и во Радовиш и Кочани,каде што еко активистите со петиција бараат да се стопират нивните изградби.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста