Прослава за Велигден и Рамазан без полициски час, останатите денови движењето забрането од 21 до 5 часот наутро

Прослава за Велигден и Рамазан без полициски час. Комисијата за заразни болести пресече – ноќта во сабота кон недела црквите ќе бидат отворени, а верниците ќе може без ограничување да го прослават големиот христијански празник Велигден. Сепак, ова ќе важи само ноќта на 1 кон втори мај и на 12 кон 13 мај за време на празнувањето на Рамазан Бајрам. Останатите денови, од среда па до 15 мај, полицискиот час ќе стартува од 21 часот и ќе трае до 5 часот наутро. Олеснување ќе има и за угостителските објекти. Тие ќе смеат да примаат гости само на летните тераси.

„Најпрво да се отворат летните тераси во сите угостителски објекти, да полицискиот час се скрати и започне од 21 часот, а за време на престојните празници, тоа е Велигдедн значи сабота спрема недела и 12 према 13ти мај кога се слави Рамазан Бајрам да нема полициски час односно граѓаните слободно да се движат а во тие денови работата на угостителските објекти да биде исто како и во другите денови до 20.30 минути“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Неофицијално, утринскиот состанок на Комисијата и членовите на владиниот Кризен штаб минал во меѓусебни несогласувања. Докторите епидемиолози биле против олеснување на мерките и укинување на полицискиот час за прославите на Велигден и Рамазан, но притисок за ова да помине имало од Кризниот штаб на Владата.
инистерот Филипче вели мерките дале резултат, па затоа здравствените власти дозволиле достоинствено празнување на верските празници. Сепак, почитувањето на мерките за заштита од вирусот зависи од совеста на граѓаните, вели Филипче.

„И сега преку ден може да се групираат луѓето, не само во верските објекти, еве гледаме и во парковите. Земаа обврска верските лидери на состанокот минатата недела да се што може се организира надвор. Многу е битно да сме сите внимателни, така да сметам дека таков начин на организација комбинирано со одговорноста на граѓаните ќе не доведе во ситуација да нема прекршување на мерките, едноставно сите со сопствената одговорност покажеме дека може да се функционира и во присуство на вирусот“, вели Филипче.

Во меѓувреме, се намалува притисокот врз болниците. Клиниките за уроголија и пластична хирургија, наместо ковид центри, се враќаат на работа со вообичаените пациенти.
Сепак, она што најмногу ја загрижува јавноста се отворените државни граници о можноста странските гости да влегуваат без задолжителен негатевен ПЦР тест, ниту пак да одат во изолација. За разлика од Македонија, властите во Албанија токму поради велиденските донесоа одлука, сите патници кои во земјата влегуваат од Македонија и од Грција да одат во задолжителен 14-дневен карантин.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста