48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Куќен притвор за двајца кои се осомничени за убиството на докторот Ацо Трпковски во Железара. Судот го прифатил барањето на обвинителот да има 48 часовен домашен надзор на можните убијци на 67-годишниот матичен лекар од Скопје.

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена“, велат од Обвинителството.

До вчера беа приведени вкупно три лица. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, рече дека според истрагата, утврдено било дека мотивот за убиството не е поврзан со професијата која што ја обавувал матичниот доктор. Се прегледувале дестици камери, а вчеравечер се вршело претрес на одредена локација во Скопје.

Полицијата преземала 20 истражи дејствија, прегледани биле над 50 камери и  видео записи за една недела за да се открие кој го уби докторот.

Шеесет и седумгодишен лекар на 22 март беше пронајден со девет убодни рани во неговиот автомобил на паркинг во непосредна близина на поликлиниката  во скопска „Железара“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста