Притисоци, закани, обвиненија – Македонија ја “слави” слободата на медиумите

3 мај, меѓународен ден на слободата на медиумите, денот се празнува со цел да се даде значење на улогата на медиумите во градењето на праведно општество, но и слободите на новинарството, но каква е состојбата со медиумите во Македонија, има ли слобода, дали се заштитени новинарите, дали работат под приситок?

Пред 15тина дена организацијата Репортери без граници, во нивниот извештај наведоа низа критики за состојбата со медиумите во Македонија и не рангираа на 90тото место .

-Ситуацијата со медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да им се закануваат и да навредуваат медиуми, а сајбер вознемирувањето и вербалните напади кон новинарите се зголемија на социјалните медиуми. Сето ова послужи да се засили добро вкоренетата култура на неказнивост, пишува во извештајот на Репортери без граници.

Но што кога нападите врз медиумите се од страна на власта? Што кога ги бојкотираат медиумите критички кон нив?

-Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на Алфа телевизија, бидејќи вие ќе видите зошто. Јас сум слободољубец, јас сум човек кој верува во вредности, но и сум човек кој го слуша народот, веројатно има причина што вака реагираат. Не знам зошто, проверете зошто. Еве луѓето викаат не, јас не ја прифаќам поканата, изјави Заев. (05.03.20)

Или пак ги обвинуваат медиумите за нешто што немаат докази.

Факт е дека постои истражување според коешто сума од два и пол милиони евра завршила во телевизија Алфа и во три интернет портали Курир, Лидер и Нетпрес, сите познати по ширењето лажни вести и манипулации, рече Богданка Кузевска – портпарол на СДСМ (21.02.20)

Но матрицата на владејачката партија за бојкотирање и обвинувања на одредени медиуми не е само откако СДСМ е на власт, кога беа во опозиција дел од телевизиите и весниците, Заев ги прогласи за непријатели.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста