Верниците го преполнија Плаошник, дел од нив не ги почитуваа протоколите

Разгласувајќи ја веста за Христовото воскресение,бијат ли бијат- силно одекнаа црковните ѕвона во градот чувар на македонското православие. Тој радосен глас на полноќ, беше најголема тишина која пробуди чувство на спокој кај секој православен христијанин, во овој тежок период,соочени со заканата од опасниот вирус,кој го промени нашето битисување. Претесни, Божјите храмови,ги отворија ширум портите за оние кои доаѓаа да запалат свеќа-сите со една мисла и иста желба.

АНКЕТА : 1. Да се застане на патот на ова зло кое што не снајде сите и тоа , единствено здравје, среќа,берикет тоа е она што го посакувам за сите; 2.Да помине пандемијата, сите да бидеме здрави и живи,затоа и дојдовме тука во овој свет храм секако да си го посакаме најважното, здравје за најблиските и светската пандемија конечно да запре;3. Преубаво е, православието е нешто најважно оти единствено тоа не обединува.Со Бога напред,се  чувствувам безбеден.Зошо не носите маска?Па во џебот мие ,морам да зборивам; 4.Па се осеќа со пандемијата се осеќа дека малку е попасивно, поневесело како што треба да биде, но што да правиме мора да се адаптираме на ситуацијата

Централната богослужба традиционално се одржа на Плаошник во Свети Климентовиот храм,Свети Пантелемон од каде верниците ги упатуваа своите молитви. Многу од пристутните не само што не носеа заштитна маска,туку и не држеа дистанца.Ги прашавме верниците дали ја поздравуваат одлуката да се укине полицискиот час за Велигден, дали и покрај масовноста,се чувствуваат безбедно?

АНКЕТА 2 : 1.Јас лично да ако се почитуваат мерките, ама луѓето бидејќи не ги почитуваат треба повеќе  надлежните органи да си превземат за тие што не го почитуваат мерките; 2.За исправна не знам лично го доживувам дека е ова најголем верски празник па со оглед на големиот број христијани кои конечно го дочекаа овој ден со оглед да лани бевме во карантин секако годинава сметам дека да, исправна е одлуката; 3.Мислам дека да многу бевме психички оптеретени, вака малку се ослободивме со Велигден и со празников;4. Убаво е што е вака сега, што е ова вака  слободно, само јас што ја заборавив маската тоа е башка

Полека го напуштивме храмот на Свети Климент и од тој споменик на верата и убавината кинисаме по тесните калдрмисани сокаци во стариот дел на Охрид, каде се слушаа само чекорите на верниците.Угостителските објекти беа затворени,но тоа не ја спречи младата популација дружбата во пријатната празнична вечер да ја продолжат, запоседнувајќи ги културно историските знаменитости.

Росица Гулабовска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста