Потонаа надежите на оризопроизводителите по средбата со министерот Хоџа

Во вода падна целата надеж на оризопроизводителите, кои со нетрпение ја очекуваа долгопосакуваната средба со министерот за земјоделие. Ниту повисока цена, ниту дополнителна помош за македонскиот ориз. Владата немала средства за да им излезе во пресрет. Ваков  одговор добија за најголем дел од барањата.  Сепак  Им ветил дека до петок ќе оствари средба  и со откупувачите, по што конкретно ќе им одговори на нивното барање оризовата арпа да се продава од 25 до 30денари.  

 „ Да ви кажам искрено не сме задоволни  од средбата, бидејќи дел од нашите барања ќе се разгледуваат, а дел се отфрлени со образложение дека Владата не може да ги исполни. .Накнадно министерот ќе има состанок со откупувачите. Ќе биде како медијатор, што на нас не ни се допага тоа„-изјави Драгољуб Гаврилов-Иницијативен одбор

Делумно е прифатено барањето во делот на субвенционирањето  и зголемувањето на квотата за зелена нафта. Утре на состанок на влада ќе се разгледува можноста на  субвенциите  за семенски матрејал да бидат придадени на основните субвенции 18.000по хектар. Додека барањето за интервентна мерка од 5денари по килограм во целост е отфрлено..

„ И цената 5денари по предаден килограм ориз , дополнителни субвенции, државата немала средства и не го прифаќаат тоа наше барање. Немале средства.  Ние како иницијативен одбор за заштита на оризопроизводството, ќе ги известиме оризопроизводителите. До петок ќе почекаме, да видиме што ќе се случи, па потоа ќе знаеме какви мерки ќе преземеме-изјави Драгољуб Гаврилов-Иницијативен одбор

Годинава оризопроизводителите ја отценуваат како најлоша досега. Поради ниската откупна цена од 17-20денари, се приморани производството наместо да го продаваат,  да го чуваат во амбарите, со што како што велат се донесени до работ на егзистенција. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста