Поранешна пратеничка од СДСМ ја напушти партијата: СДСМ ги направи Македонците граѓани од втор ред

Поранешна пратеничка од СДСМ ја напушти партијата: СДСМ ги направи Македонците граѓани од втор ред

Поранешната пратеничка на СДСМ, Весна Ангелова која беше дел од парламентарниот состав од 1994 до 1998 година, ќерка на поранешниот амбасадор во Унгарија, Атанас Вангелов, на својот фејсбук профил напиша дека по 30-годишно членство, незадоволна од седумгодишното владеење на социјалдемократите, ја напушта партијата.

„После 7 години владеење на СДСМ и мое 30-годишно членство во оваа партија, со големо жалење морам да го констатирам следново:

– СДСМ не направи апсолутно ништо добро за државата.
– СДСМ ја напушти социјалдемократската определба.
– СДСМ ги направи Македонците граѓани од втор ред.

Направената штета од лошите политики е далеку поголема од штетата што ја направи Скопје 2014. СДСМ не само што треба да замине во историјата, туку треба да се избрише од политичката сцена“, напиша Ангелова на својот фејсбук профил.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста