По 15 години пауза, во Штип повторно да проработи кино проектор

По петнаесет години пауза, во Штип повторно да проработи кино проектор,ваква иницијатива започна филмаџијата Сашко Потер Мицевски. Кампањата под слоганот Штип сака кино,што Мицески ја води на социјалните мрежи за брзо време доби бројна поддршка од грѓаните. Со цел на младата популација да и го доближи сјајот и гламурот на седмата уметност изработен е и видео клип со кои носталгично се доловува периодот кога во градот имаше две кина.

“Жално е универзитетски град да нема кино,коментираат штипјани, присетувајки се на периодот кога штип можеше да се пофали со зимно и летно кино.” – вели ,Сашко Потер Мицевски -иницијатор.

Кампањата “Сакам кино” ќе ја поддржи и локалната самоуправа.Во моментот се рзработува стратегија за да се види потенцијалот на сали кои би можеле да прераснат во кино салон.

Штип е единствениот град во регионот каде што нема кино, па сите кои сакаат најновите блокбастери да ги гледаат на големо платно се приморани да одат во Скопје, Свети Николе или Кавадарци.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста