Петти ден од изборната кампања – претседателските кандидати ги промовираат платформите пред граѓаните

Петти ден од изборната кампања – претседателските кандидати ги промовираат платформите пред граѓаните

И денеска претендентите за вселување во Вила Водно прдолжуваат со презентирање на своите платформи пред граѓаните.

Кандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата и актуелен претседател, Стево Пендаровски, кој ќе ја бара поддршката од граѓаните за втор мандат, одржува митинзи во скопските општини Кисела Вода и Аеродром.

Кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, денеска ја презентира програмата во Новаци, Демир Хисар и Битола.

Кандидатот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, е во Охрид, Дебрца, Велмеј и Лешани.

Билјана Ванковска, кандидат од Левица ја продолжува претседателската кампања со средби со граѓани во Богданци и Гевгелија.

Стевчо Јакимовски од ГРОМ има активности во скопската општина Ѓорче Петров.

Кандидатот од Европскиот фронт, Бујар Османи, во општина Шуто Оризари одржува панел дискусија на тема: Еднаквост, консензуалност и социјална кохезија..

Арбен Таравари, од коалицијата Вреди, е на средба, во Тетово, со претставници на ромската заедница.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста