Пелагониските сточари повторно ќе протестираат

Пелагониските сточари утре во 13 часот повторно ќе протестираат пред канцелариите на Подрачна единица на Министерството за земјоделство во Битола. Нивното незадоволство расте, како што велат, поради неисплатени субвенции, ниската откупна цена и недоволната поддршка на ова производство, кое е суровинска основа на млечниот бизнис во Македонија.

Повторно го активираме протестот заради неисплатени субвенции за млекото кои се над 17 месеци и други несиплатени субвенции од сите бранши, значи има неплатен тутун и с`е друго- рече Борче Бучински фармер од с. Могила.- Сите земјоделци треба да излеземе. Значи, 2018 година не ни е исплатена, веќе 2019 година помина и одиме во 2020 година а субвенции немаме. Трошоци еден куп, цената на млекото е мала и сме пред распаѓање на цело сточарство- рече Тони петковски, млекопроизводител од с. Велушина. – Млекото не ни е платено, субвенциите од 2018 и 2019 и по грлото е истото. Цената не е покрената ниту по грло и цената е од пред 10 години- рече Валер Усеиновски од с. Градешница.

Сточарите денеска во СВР Битола го најавија протестот кој ќе трае еден час, а во краток период ова ќе биде нивно трето собирање, во кое ги повикуваат сите незадоволни земјоделци од Пелагонискиот регион, кон кои Министерството ги нема подмирено обврските според законските рокови.

Петар Стефановски

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста