После 2 години мандат, Шилегов не се брза да најде решение за аерозагадувањето

Шилегов со 3 еко автобуси ќе го спасува градот од аерозагадувањето. Тој се пофали дека од предвидените 33 еко автобуси во февруари ќе пристигнат најмалку 3 и ќе направат драстична промена во квалитетот на воздухот.

Новите еко автобуси вели ќе имале влијание врз намалувањето на аерозагадувањето во градот бидејќи емитувале незначителна концентрација на ПМ честички.

Градоначалникот на Скопје, метрополата која веќе стана редовна во врвот на светските мерења по загадениот воздух, во интервју за Алфа призна дека за овој голем проблем допрва ќе се бара ефикасно решение.

„Треба да се најде сериозно решение за загадувањето, решение има и полека ќе го имплементираме“, изјави градоначалникот Шилегов.

За загаденоста и опасноста постојано алармираат и лекарите. Според Светската здравствена организација загадениот воздух и климатските промени се на врвот на листата на најголеми закани по човековото здравје.

Загадениот воздух доведува до загуба на седум милиони човечки животи секоја година од болести како што се рак, мозочни и срцеви удари, како и други заболување на крвоносниот систем и на белите дробови. Само во Македонија, отровниот воздух е причина за околу 3 илјади смртни случаи годишно.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста