Печатот или ДУИ? – Села пред одлука

Печатот или ДУИ? – Села пред одлука

Алијанса за Албанците на Зијадин Села денеска треба да донесе конечна одлука дали ќе се приклучи на една од албанските коалиции или нема да настапува на овие избори. Причина за ваквата ситуација е судскиот спор со кој треба да се донесе конечна одлука на кого му припаѓаат печатите на партијата.

Веќе се шпекулира дека паднал договор за заеднички настап со ДУИ, а Села си обезбедил и четири пратенички места, односно пет пратеници доколку коалицијата на изборите освои над 20 мандати.

Доколку се приклучи кон коалицијата предводена од ДУИ, неофицијалните информации се дека тој ќе биде носител на листата во ие 5, а кандидатите за пратеници од Алијанса, со оглед дека нема да го имаат потребниот печат од партијата, ќе бидат запишани како независни кандидати.

Доколку се испостави дека ваквите шпекулации се вистинити тоа ќе значи дека Села ќе биде во коалиција и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, со кого имаше сериозни несогласувања и откако ја формираше фракцијата движење за реформи во ДПА, ја напушти партијата и ја формираше Алијанса за Албанците.

Од таборот на Таравари повторија дека се поготвени да им ги дадат печатите на приврзаниците на Села, но само ако сакаат да излезат со свои листи, не заедно со ДУИ. Во меѓувреме од ДУИ објавија дека ќе коалицираат со Курто Дудуш.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста