Отец Васко Голабоски за литијата: ситуацијата излезе од контрола ниту поради црквата, ниту поради полицијата

Не очекувавме толкав број на верници по повод празникот Ѓурѓовден, кога во Струга традиционално се одржа свечената литија со моштите на Св. Ѓорѓи Победоносец. И покрај апелите кои го упатувавме, вчера верниците ни се придружија на литијата. Јас не можам да посочам кој е одговорен или дали некој потфрли иако можам да речам дека ситуацијата на некој начин излезе од контрола, но не по вина на црквата, ниту на полицијата, вели отец Васко Голабоски.

„Имавме состаноци апсолутно, оперативно се беше договорено, но Владиката Митрополит Тимотеј кажа, народот да не доаѓа по нас, да не се собира, дури вечерната надвор ја служевме за едноставно да помине низ дворот, да го согледа ова богослужење и секој да замине дома. Дури ни тоа не се испочитува, не можам против никого ништо да речам. Никој никогаш во историјата не сопрел ниту еден исламски празник ниту христијански празник, така да и ова пробајте сопрете го му честитам на тој шо ќе ја сопре оваа 750 годишна традиција“ – вели отец Васко Голабоски.

Поради паднемијата со корина вирусот годинава на литијата учестуваа редуциран број на свештени лица од Дебарско-кичевската епархија и малкумина монаси и монахињи од Бигорскиот и манстирот Рајчица,но верниците и покрај укажувањата на митрополитото Тимотеј кој на два пати гласно им советувал да седат во кругот на црквата или да се разделат, тие сепак трганаа по моштите кои се носат низ улиците на Струга.

„Супер беше, така и треба да биде. Сите беа надвор, немаше никој во црквата внатре. Сега не можеш да им забраниш на луѓето да одат или да не одат“ – вели жител.

„Не можеш толкава маса да контролираш, тоа е некој духовен порив кај луѓето и тоа не можеш да го спречиш и нема сила што може луѓето, кој е верник си сака да присуствува на тој чин, а воглавно мислам дека фамата е голема затоа што јас бев сред центар и имаше сепак и дистанци не беше така како што изледа кога масовно ја гледаш од даелу сликата“ – вели граѓанин.

„Нема што одговорност, зошто одговорност, секој е свесен да си го чува здравјето“ – вели верник.

Казнети беа луѓе во Гевгелија за играње оро, дали сме помалку верници сите што ги почутуваме правилата?
Отворете се’кафеани, цркви, џамии за три месеци ќе се преброиме. Сега Струга да се стави во карантин, ова што го видов синоќа е масовен обид за самоубиство, невидена дрскост на граѓаните – ова се дел од коментарите на социјалните мрежи каде од синоќа врие.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста