Скандалозен пропуст: „Македонски пошти“- издала марка со „Голема Хрватска“

Скандалозен потег на “Македонски пошти” – во очи над победата над фашизмот, пушти во оптег повеќе од шест илјади поштенски марки на кои е ставена погрешна карта на „Голема Хрватска “. Односно мапата на Хрватска не ги претставува границите на земјата, туку е карта на Независна Држава Хрватска.
Со други зборови дизајнерите на марката го ставиле знакот на марионетскиот усташки режим, кој своевремено ги опфаќал и териториите на денешна Босна и Херцеговина и дел од Србија и Црна Гора.
Првиот човек на „Македонски Пошти“ – Ејуп Рустеми, инаку кадар на ДУИ, не одговори на повиците и пораките на Алфа, но за друг медиум го потврди пропустот и веднаш свикал Управен одбор кој треба да донесе одлука за повлекување на марките.
Рустеми одговорноста за инцидентот ја гледа во Советот за филателија кој го избира дизајнот на марката. Тој бил составен од 7 експерти, внатрешни и надворешни меѓу кои има и од Институтот за национална историја но и експерти од институтот на Државниот универзитет во Тетово и други.
Ќе има ли санкции останува непознато?!
Целта на поштенската марка била да ѝ ја искаже својата благодарност на Хрватска за помошта во евроинтеграциите на Македонија.
По реакциите на јавноста, спорната марка веќе не може да се најде на сајтот на Пошта.