Општина Прилеп заради „административна“ грешка на централната власт остана покуса за околу 500.000 евра ?!
За вкупно околу 500.000 евра остана покус планираниот буџет на општина Прилеп, откако централната власт, наводно направила „техничко-админстративна“ грешка. Дури над 15 милиони денари за концесиски услуги во општина Прилеп кои се 78% од она што го уплаќаат фирмите кои вршат ископ на минерални суровини, а кои се слеваат во државата каса, завршиле на сметката на општина Ресен?!
„Да поминете филтри во две миниистерствата и во Трезор, и 15,5 милиони денари да завршат на друга сметка, тоа остава простор да суди јавноста дека нешто е направено со тенденција, односно затоа што општина Прилеп е раководена од различна политичка опција од она што значи централна власт и дека ова е на некој начин да се потврди сликата која нереално ја прикажуваат дека ЛС во Прилеп ништо не работи“, – вели Дејан Проданоски, претседател на Совет на општина Прилеп.
Освен овие средства, заради тоа што во централниот буџет се собрале помалку пари од ДДВ и заради постоечката „методологија на пресметка“, на општина Прилеп скратени и’ се и други 8,5 милиони денари на име блок-дотации. Овој скретен половина милион евра, за жал, прескапо ќе ги чини лично прилепчани. И не само годинава, туку и во буџетите за наредните неколку години, реагираат од општина Прилеп.
Каролина Дурло