Опасен патот Струга-Дебар

Дали треба да се случи трагедија на патниот правец Струга-Дебар, или одроните и карпите да затрупаат некого, за надлежните сериозно да сватат дека се работи за небезбедна и дотолку ризична делница, што може да чини и човечки животи – крајно револтирани, вака реагираат жителите од дебарскиот крај.

– Јас овај пат би го нарекол руски рулет за да дојдеш од општина Маврово, Ростуше, и да се движиш према Дебар и према Скопје, навистина е катастрофално. Страшното е во тоа што овај пат 20,30 години не се чисти воопшто. Патар вие не можете да сретнете на пат. Страмота е да нема никојпат никој на патов да исчисти. Одвреме на време ќе помине булдужерот да ги собере покрупните и тоа е се што се случува.А не знам колку има вработени патари на овие патишта што земаат плата и лежат, што прават тие, вели Тефик Тефикоски, жител на село Јанче.

Патот од Струга до Дебар во должина од 53 километри е многу лош, непрегледен, уште по опасен го прави тоа е што е полн со кривини, па не е ни чудо што постојано се случуваат сообраќајки, во обид на возачите да ги избегнат одроните на патот.

– И проблемот е што кога сега денеска еве јас удрив овде, на 300-400 метри погоре двајца веќе се удриле карши карши избегнувајќи ги камењата.Страшно е кога ќе пријавиш, нема никој да ти одговори, нити да те обесштети, нити да те заслуша.

Возачите на товарни возила принудени се сами да ги отстрануваат камењата од коловозот за да се озможи минување, но и за да не настрада некој, рече тој.

Живописните краишта на мавровско-реканскиот крај постојани ги посетуваат туристи, кои доаѓаат да уживаат во убавините,но првиот впечаток е лошата слика и патешествијата низ кои поминуваат по патот, вели нашиот соговорник Тефикоски.

Патниот правец Струга–Дебар буквално е послан со огромни камења. Можам слободно да кажам дека безмалку на нити едно место не е поставена заштитна мрежа. Возачите возат со страв бидејќи секој момент парче од огормите карпи може да заврши над нивните автомобили.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста