Новогодишните празници ризик за ширење на заразата, тетовските власти не исклучуваат и воведување карантин

Со секојдневни високи бројки на заразени со ковид 19, состојбата во Тетово и натаму е сериозна и алармантна.Само минатата недела имало близу 300 новозаразени, а битката со болеста ја загубиле пет лица.Најголем ризик за ширење на вирусот остануваат семејните собири и групирањата,па затоа локалните власти сметаат дека можеби се потребни и порестриктивни мерки за празниците,во крајна мерка, дури и целосен карантин.

Во моментот во ковид центарот и инфективното се лекуваат 43 пациенти, од кои 34 се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка.Полесните пациенти се праќаат во болницата во Лешок.Слободни се десетина места. Здравствените власти се подготвуваат за нов бран по новогодишните празници и очекуваат зголемување на бројот на заразени,со оглед на искуството со граѓаните и нивното непочитување на мерките.Групирања пред банките,семејни собири,полни кафулиња,неносење маски и работењето на кафеаните и по дозволеното работно време, сеуште се секојдневна слика на градот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста