Истражување во Вашингтон: Македонците се најмногу против КОВИД-вакцината од сите Балканци

Македонците се најмногу против КОВИД – вакцината од сите Балканци – покажува регионалното истражување на Атлантскиот совет на Вашингтон и Советодавната група за јавна политика „Балкан во Европа”. Дури 52 проценти од македонските граѓани сметаат дека фармацевтската индустрија е одговорна за ширењето, додека пак над 40 проценти се изјасниле дека не сакаат да се вакцинираат со новата вакцина, покажува истражувањето.

И сликата во регионот не е многу поразлична. Над 41 проценти од Србите веруваат во теоријата на заговор, 33 проценти рекле дека нема да се вакцинираат.Во Црна Гора, само 44,8 проценти се изјасниле дека ќе ја примат вакцината против Ковид.

Над 60 проценти од Албанците во Албанија веруваат дека кинеската влада го направила вирусот во лабораторија, што е најподдржаната теорија на заговор во таа земја, а над 55 проценти во БиХ веруваат дека фармацевтската индустрија е вклучена во ширењето на вирусот.

86 проценти од косовските Срби веруваат дека Бил Гејтс создал вакцина за да ги „чипира“ луѓето, 56 проценти веруваат дека фармацевтската индустрија е вклучена во ширењето на коронавирусот, 28 проценти веруваат дека постои врска помеѓу 5G технологијата и коронавирусот, а скоро 33 проценти веруваат војска го развила вирусот како биолошко оружје.

Во истражувањето се наведува дека Западен Балкан претставува плодна почва за теории на заговор, а како причина се наведени слабите институции и недовербата во нив.

Дека македонците немаат доволно  доверба во вакцината против ковид доказ се секојдневните објави на социјалните мержи.

Докторите пак – скептични дека вакцината ќе пристигне во Македонија до март.

Во меѓувреме, здравствените власти најавуваат дека Грција потврдила, дека дел, од првата пратка вакцини, што ќе пристигнат во Атина, ќе и даде на Македонија. Министерот Филипче соопшти дека се користат сите инструменти, вклучувајќи го и „ковакс“ механизмот, за да се обезбедат вакцини.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста