Нов владин гаф, до медиумите испратија соопштение со скандалозна монтажа од Трамп

На владините гафови им нема крај. По оние со погрешните знамиња на странските државници кои доаѓаа во посета на Македонија денеска нов пропуст на владиниот пи-ар. Од Илинденска до медиумите испратија соопштение од прес-конференцијата на претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашковска во прилог на кое освен фотографии од прес – конференции има и скандалозна фотомонтажа од американскиот претседател Доналд Трамп на која пишува сестрата на Трамп од Лесковац.

Шест минути по ова, од владата испратија ново соопштение во кое ја нема фотомонтажата.

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста