Нов гаф – Димитров наместо името на земјата потпишан со „Кабинет на МНР“

Бура од реакции и негодувања на социјалните мрежи откако министерот за надворешни работи Никола Димитров на официјална конференција не го напиша името на земјата која ја претставува. Шефот на дипломатијата на министерската он лајн-конференција со колегите од регионот, стои потпишан само со „кабинет на МНР“. За разлика од него, останатите министри од Балканот се потпишани со име и презиме и државата која ја преставуваат, или со министерството и државата.  Хрватскиот претставник ги потпишал неговото име и презиме, а истото го направиле и претставници од поширокиот регион, како и еврокомесарот за проширување Вархеји. Многумина прашуваат зошто Димитров, на конференцијата на која беше домаќин заедно со грчкиот министер Дендиас, одбрал да не ги стави ниту името на својата земја, ниту пак сопственото, туку се задоволил само со најопштиот можен термин „Кабинет на МНР“. Кај ко-домаќинот на пример, пишува „Грција, Николас Дендиас“, на англиски јазик.

Најжестока реакција има од универзитетскиот професор Димитар Апасиев, кој вели дека Димитров еден ден ќе мора да одговара за, според него, сите понижувања што и ги направил на Македонија низ светот, при што потцртува дека за загрозување на независноста, казната изнесува до пет години затвор.

Инаку Димитров, на социјалните мрежи самиот ја постирал заедничката фотографија од конференцијата, а малку потоа се пофалил дека НАТО ја поправил грешката од неодамна кога на официјалниот сајт на Алијансата кај графата националност пишуваше „граѓани на Република Северна Македонија“. Вреди да се спомне дека и таа реакција на министерот следеше дури откако јавноста се спротистави на ваквото претставување. Се поставува прашањето, зошто ако веќе НАТО си ја поправи грешката, токму нашите функционери од власта избегнуваат да го напишат макар и новото име на Македонија, иако е очигледно дека со ваквите постапки предизвикуваат револт во државата со која владеат.

Драган Милосављевиќ

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста