Делото на Светите Кирил и Методиј, на пат сме да го изгубиме?!
Улогата на Светите Кирил и Методиј во промовирање на рамноправноста на јазиците и народите како и борбата против средновековните сфаќања се пример за целиот цивилизиран свет. Нивното неизбришливо дело, не ги задолжи сите словенски народи туки и воопшто христијанскиот свет.
Словенските браќа, со својата верба и упорноста што ја имаа ја исполнија својата мисија за еднаков пристап до писменост за сите. Но нивното епохално и рамноапостолско дело иако со децении останало да се празнува како еден од најголемите и најзначајните настани во историјата на човечката цивилизација, гледано од денешен аспект овде во Македонија на пат сме да го загубиме.
Мисијата на политиката да станеме членка на ЕУ која носи просперитет, не е нималку важна, но не по цена да се откажеме од нашиот јазик и идентитет. Универзитетската професорка Груевска Маџовска потсетува дека поради исполнување на политички интереси страдаат државните, но и достоинството на граѓаните.
Европскиот пат за Македонија ќе биде невозможен доколку не се откажеме од јазикот и историјата, од овој став Бугарија не отстапува и тоа го кажува гласно и отворено.Денеска е 24 мај 2020 година, Светите браќа Кирил и Методиј во наследство ни оставија, јазик, а го создадоа и првото писмо, азбуката и поставија правилата за пишување.
Македонија како земја членка на НАТО, со сменето уставно име, на пат кон големото европско семејство, може сето тоа да го изгуби, оти оние што не водат не ставаат во позиција која не оди во наша полза.
Катерина Гетева