Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Откако Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1 јуни, српските медиуми остро ја нападнаа црногорската влада, а српската премиерка, Ана Брнабиќ, го повика народот на Србија да не летува во Црна Гора.

Повеќето црногорски медиуми пренесоа изјава на Брнабиќ, каде таа вели дека српските граѓани сега можат да видат оти се непожелни во Црна Гора.

Овој став на црногорскиот премиер им испрати јасна порака на граѓаните. Би ги замолила граѓаните да останат во нашата Србија што е можно подолго и во поголем број и да не одат некаде каде што се непожелни“, рече Ана Брнабиќ, премиерка на Србија.

Во понеделникот црногорскиот премиер Душко Марковиќ објави дека Црна Гора ќе ги отвори своите граници за земји со помалку од 25 заразени лица на 100.000 жители, вклучувајќи ги и Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Унгарија, Албанија и Грција.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, за српски медиуми изјави дека потегот на црногорските власти за затворање на границата кон српските граѓани е „смешен и бесмислен чин“ и рече дека на Црна Гора и штети овој потег.

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста