Нема пломба за клубот „Аватар“

Нема пломба на клубот „Аватар“ во Струмица. Камерата на Алфа забележа возило на Државниот пазарен инспекторат, тие вчера најавија дека ќе пратат инспектори на терен за клубот да биде затворен. Вратите на „Аватар“ беа затворени.

Побаравме коментар од првиот човек на Струмица – Коста Јаневски, но од општината нѐ информираа дека излегол и не знаат ниту каде е, ниту кога ќе се врати. Тој на својот фејсбук профил само ги замоли граѓаните да се однесуваат според пропишаните мерки, но не кажа дали ќе преземе нешто да се казнат угостителите. Остана неодговорено и прашањето дали струмичката полиција извршила контрола синоќа во клубот, но и оттаму не кренаа телефон.
Алфа не доби одговор ниту од менаџерот на клубот Никола Тунев на прашањата зошто овој ноќен клуб е повластен и за него не важат законите, како и дали сопственикот е всушност зет во семејството на екс премиерот Зоран Заев.

Според видеата кои кружеа по социјалните мрежи, стотици лица без маски и не почитувајќи ги мерките за заштита од корона вирусот, се забавуваа на македонска музика во живо. Стојко Пауновски – Директорот на Државниот пазарен инспекторат за Алфа изјави дека немале дозвола, со закон, да ги затвораат на лице место сопствениците кои не ги почитуваат мерките. Според него уште од петокот инспектори биле на терен во клубот, додека полицијата само ги гледала од страна.

На само неколку метри зад нас се наоѓа ноќниот клуб Аватар каде што викендов стотици луѓе без заштитни маски и непочитувајќи ги мерките за заштита од корона вирусот, се забавуваа на македонска музика во живо.

Големото отворање на клубот се одржа на 11-ти јули, на кое се шпекулира дека имало 1,500 гости, од кои 300 од Скопје.

Дијана Тасева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста