Нема извини од Пендаровски и СДСМ по ужасните навреди на вчерашниот митинг за Силјановска-Дафкова

Нема извини од Пендаровски и СДСМ по ужасните навреди на вчерашниот митинг за Силјановска-Дафкова

 Стево Пендаровски ги иницираше, па неговите сопартијци продолжија со навредите кон Гордана Силјановска – Дафкова. Се сруши секој збор потпишан со Кодексот за фер и демократски избори и почитувања кон против-кандидатите.

Така беше и синоќа кога партиски подджувач ја навреди кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ. Насмевки не се криеја, ниту недостастасуваше аплауз.

  • Од другава страна оваа што ја дигаат до небеса, јас ќе ви кажам само едно, од баба невеста не бива!, рече поддржувач на митинг на СДСМ во Куманово.

Откако јавноста бурно реагираше, потпаролката на СДСМ и на Пендаровски, Богданка Кузевска, на социјалните мрежи се правда дека ниту таа, ниту кандидатот за втор претседателски мандат, не го поддржуваат коментарот на сопартиецот, иако додека тој говореше тие се смееја.

  • Пред сѐ, поради масовноста на митингот за жал не успеав целосно да го слушнам коментарот на еден од учесниците и да го спречам. Тие кои ме познаваат и како поддржувачи на партијата на којашто сум гласноговорник, но и од сите други политички партии, знаат дека остро ги осудувам коментарите кои се навредливи за жена и знаат дека сум гласна во борбата против говор на омраза кон жените. Така е и во овој случај. Коментарот е недоличен, навредлив и го осудувам. Ниту претседателот Пендаровски ниту јас не го поддржуваме коментарот“ напиша Богданка Кузевска – Портпарол на СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ, овие исценирани и однапред договорени прашања и одговори од страна на идната опозиција, кои изобилуваат со навреди кон Силјановска Давкова ја потврдувале паниката која владее помеѓу нивните редови.

  • „Се удираат во гради дека се за ЕУ и дека се прозападни, но од тие вредности немаат ништо, голема нула! Со ваков говор ги навредија и политичарите од западот, од ЕУ… Дали се свесни? До крајот на кампањата уште што треба да очекуваме? Дали има дно кое не го пробија? Почитувани идни опозиционери, додека не си ја промените менталната матрица на која робувате, никогаш повеќе нема да ја добиете довербата на народот#, вели Гордана Димитриеска Кочоска – Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Кој кого носел за рака, дали таа била во втор план во нејзината кампања и потребата за неа набавен уред за орентација во просторот се само дел од реториките на кандидатот на СДСМ, Пендаровски кој со леснотија и насмевка на лицето ги презентира на неговите средби со граѓани.

  • Неговата кандидатка за претседател не си ја знае својата земја. Да не ве враќам на некои сцени од пред пет години, цело време се трудам да бидам коректен во тој дел ама кога нејзиниот партиски лидер мене ме обвинува за мојата држава при овие факти кои ви ги кажувам, јас би му препорачал нему да набави GPS за неговата кандидатка“, рече вчера вечер претседателскиот кандидат на СДСМ, Пендаровски,10.04.2024.

Дека навредите не се новост во јавните настапи на СДСМ, говорат и навредите на кои ги јавноста беше сведок и од претседателот на социјал-демократите, Димитар Ковачевски.

  • Јас не ја кандидирав тетка ми Жане за претседател па да шетам со неа, јас го кандидирав Стево Пендаровски“, рече Ковачевски – претседател на СДСМ 13.04.2024.

Дел од аналитичарите ваквите ниски и недолични коментари од социјал-демократите ги коментираа како безидејност на владејачката партија и наместо програма, се фокусира да го омаловажи неговиот главен против кандидат.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста