Не стивнува скопското жариште на Ковид-19

Скопје и натаму предводи на црната листа на новоинфицирани од коронавирусот. Неколку нови кластери на заразени со Корона се регистрирани во главниот град. Последно во низата жаришта е во затворот во Шутка. Затворски чувар бил позитивен на Ковид-19, но добил препорака од матичен лекар дека е добар и дека може да оди на работа, потврди министерот за здравство. Рече дека немало простор за паника и дека вработените во затворот носеле заштитна опрема.

Претходно, како што дознава Алфа министерството за здравство поради големиот број на заразени, побарало собраниски работници да работат на изготвување на решенија за самоизолација. Откако прашавме ова го потврдија оттаму.

– Министерството за здравство побара од Собранието на РСМ 10 службеници за техничка подршка (изготвување на решенија за лица кои се ставаат во изолација), поради зголемениот обем на работа на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Во меѓувреме, беа обезбедени административни работници од редовите на Министеретво за здравство, велат за Алфа од министерството за здравство.

Од државниот здравствен инспекторат за Алфа ја потврдија информацијата дека барале државни службеници да изготвуваат решенија за изолација.

Директорката Ирина Бухова, во телефонски разговор вели дека тоа било зашто бројот на новозаразени бил многу висок, а не дека имало кластер меѓу нив. Ни кажа дека работниците кои ги барале ќе седат во канцеларија и нема да излегуваат на терен. Во моментов таму имало двајца позитивни кои веќе две недели биле дома.

Претходно, за службениците Алфа праша и во Собранието, но од таму не добивме одговор. Инаку, новите кластери и константно големиот број на нови инфекции постепено ги полнат и болниците ширум државата.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста