Насер Зибер, поранешниот министер и пратеник е кандидатот на ДУИ за премиер

Идејата на Демократската унија за интеграција за премиер Албанец од почетокот на овој месец, конечно го доживеа своето финале. Лидерот на партијата Али Ахмети, на денешната промотивна конвенција на кандидатите за пратеници што се одржа во Претор, го промовираше Насер Зибери, како прв кандидат Албанец за премиер.

Во своето обраќање, потенцирајќи ги заслугите на ДУИ за Рамковниот договор и членството во НАТО, тој ги подвлече црвените лини од кои нема да има отстапување, како што рече, за Преспанскиот договор и евроинтеграциите чиј процес ќе заврши за пет години. Ние, во консултациите со академската заедница, не побаравме нашиот кандидат да биде партиски член, зашто идејата се појави 11 години порано.

– Оваа идеја треба да се поддржи од сите Албанци, а треба да и се радуваат и нашите сограѓани Македонци зашто е за доборото на сите. По сите консултации, пред сите сограѓани- Македонци, Турци, Роми, Срби и Власи, денеска го претставуваме првиот кандидат за премиер Албанец, господинот Насер Зибери, рече Али Ахмети.

Насер Зибери со овации беше дочекан од делегатите на конвенцијата.

– Реков да за кандидатурата, зашто оваа идеја е поголема од мене, а идејата е поголема и од ДУИ. Немаше да ја прифатам, ако не беше проект за целосна факторизација на Албанците, рече Зибери.

Зибери во моментов работи како нотар, а во својата богата политичка кариера беше министер за труд и социјална политика и во три мандати пратеник на ПДП. Со слоганот “Време е за првиот премиер Албанец“, конвенцијата заврши со изведување на компонираната мелодија во чест на кандидатот за премиер Зибери.

Петар Стефаноски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста