Водостоите на реките Вардар, Пчиња и Лепенец зголемени
И покрај бранот локални поројни врнежи што деновиве ја зафати земјава, нивоата на некои реки и натаму се под просекот за јуни.
Како што покажуваат денешните хидролошки мерења, Треска кај Македонски Брод, Сатеска кај Ботун и Крива Река кај Крива Паланка се преполовени, Црна Река бележи речиси двојно намалување, а значително под просекот е и Струмица кај Ново Село.
Зголемени водостои бележат Вардар, Пчиња и Лепенец. Драстично надојдена, со двојно повисоко ниво од јунскиот просек, е Бабуна.
Кај езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, нема поголеми промени од минатонеделните мерења
КАТЕГОРИИ Македонија